Македонија
16. јуни 2019 - 16:06

Продолжува историската дебата за македонско-бугарските односи

Бугарско-македонската експертска комисија  формирана со цел да ги подобри соседските  односи , стана тема околу која се препукуваат историчарите но и политичарите на двете земји. Бугарскиот историчар Чавдар Маринов во интервју за Слободна Европа апелира пристапот кон историјата да биде објективен и непристрасен.

Сепак од Софија доагаат и поинакви тонови. Поранешниот бугарски престедател Прванов смета дека работата на комисијата е осудена на пропаст бидејки  според него нема јасен мандат. Во интервју за БНТ тој бара да се разјасни што значи концептот на “заедничка историја” во договорот меѓу Софија и Скопје.

Следниот состанок на мешовиатта комисија за историски и образовни прашања е закажан за септември, а во фокусот  ке биде ликот и делото на Гоце Делчев, тема околу која експерите не постигнаа согласнот на претходнитите две средби.