Македонија
25. September 2021 - 16:32

Продолжува иселувањето од истокот на земјава во ЕУ - најчесто во Словенија и во Италија

Расте трендот на иселување на граѓаните од источниот дел на земјата. Во потрага по егзистенција масовно се испустуваат селата во општините Виница, Берово и Делчево. Крајна дестинација за македонските иселеници најчесто е Италија или Словенија. За разлика од порано кога одеа само на сезонска работа, сега заминуваат трајно со своите семејства. Ниту Ковид пандемијата не ги поколеба да се вратат во своите родни огништа.

- Не, не се враќаат. Не смеат ни да се вратат. Си купија таму станови и ќе си останат да си живеат, граѓанин на Делчево.

Поради економската криза, малкуте млади луѓе кои останаа едвај врзуваат крај со крај.

- Синот ми е без работа, го избркале, работеше овде во една фабрика. Не е ниту женет, а што и да се жени, со што ќе ја прехранува сопругата, таа жена ќе бара се, а од каде, граѓанка на Делечво.

- Треба фабрики да се отвараат, треба странски инвестиции, само така ќе дојде подобро утре за нашиот град, граѓанин на Делчево.

Според статистиката на Еуростат, последните две децении од Македонија во западно европските земји мигрирале над 450 000 наши граѓани. Резултатите од пописот кој е во тек, треба да ја покажат точната бројка на иселеници.