Македонија
30. November 2020 - 11:11

Продолжува да опаѓа нивото на Охридското Езеро

Продолжува да опаѓа нивото на Охридското Езеро. Езерото се наоѓа на три сантиметри под природниот минимум

Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, тоа се наоѓа на 693,07 метри надморска височина, што е три сантиметри под дозволениот минимум кој се смета за долна природна граница (693,10 м.н.в.) и 10 сантиметри под котата утврдена во Билатералниот договор склучен со Република Албанија (693,17 м.н.в.).

Запрено е производството на електрична енергија од хидроцентралите заради исцрпеност на водните ресурси, но доколку продолжи сушниот период тоа нема да биде доволно за нормализирање на состојбата.