Бизнис
30. јуни 2020 - 19:55

Продолжува да опаѓа бројот на вработени, кожарската и текстилната индустрија најпогодена

Се помалку луѓе работат во индустриските капацитети. Податоците за државната статистика покажуваат дека кризата во мај го намалила бројот на работници во овој сектор за над 5%. Најмногу работни места се изгубени во кожарската индустрија, дури 18%. Следен е текстилот каде бројот на работници се намалил за 10%. Од текстилниот кластер велат дека државна помош ќе им треба и натаму. Во претходните месеци овој сектор не беше без работа, се произведуваа маски и заштитна опрема, но следниот период ќе биде потежок.

Освен поддршка за зачувување на работните места, тестилците бараат и кредитни линии за модернизација на производството. Тие ќе мора да се рестуктурираат и на новите правила за производство со поголема дистанца меѓу работниците, но и на новиот начин на продажба затоа што големите ланци веќе почнуваат да ги затвораат продавниците и да се ориентираат на онлајн продажба, затоа нашите компании треба да го осовременат производствто кон новите услови.

Покрај бројот н аработници, тоне и производтсво. Во мај падот изнесува 27%, а во некои сектори имало и преполовување на работата.