Македонија
1. јуни 2016 - 19:23

Продолжува бесплатното летување за социјално загрозените дечиња

Продолжува проектот за бесплатно летување на деца од семејства во социјален ризик. Од средината на јуни, четврта година по ред, околу  2000 дечиња  ќе се дружат и рекреираат на струшкото крајбрежје. За таа цел  обезбедени се 8 милиони денари.

- Ова е извонредна можност која што ја немаше во минатото, децата на семејствата кои што се во социјален ризик и кои што се со многу ниски примања и кои што се зависни од социјалната помош која што ја дава државата со години немаа можност да заминат некаде на одмор и како нивните врсници да го почувствуваат сето тоа  и да можат кога ќе се вратат со другарчињата да споделат како поминале, што виделе што научиле како се одмориле или како се забавувале, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Во капацитетите во Струга имаат обезбедено 6 полни пансиони. Овој проект почна со реализација од летото 2012 и досега на бесплатно летување и зимување биле 12 000 деца.