Продолжува 67 собраниска седница
Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 67. седница ќе расправа по Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за индустриски – зелени зони, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како и на на Законот за социјалната заштита, сите по скратена постапка.
На дневниот ред на седницата се повеќе Предлог-закони за изменување и дополнување од различни области меѓу кои и на Законот за јавните набавки, на Законот за експропријација, на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, на Законот за буџетите и на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
Пратениците ќе дискутираат и по Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за ревизија, на Законот за акцизите, на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за даноците на имот, на Законот за државната ревизија, на Законот за хартии од вредност и на Законот за државната статистика.
На агендата се и Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за таксата за привремен престој на Законот за индустриски – зелени зони, на Законот за возила, на Законот за енергетика, на Законот за катастар на недвижности и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација