Македонија
18. March 2021 - 8:16

Продолжува 25. пленарна седница

 Во Собранието на Република Македонија денеска две седници ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт, а ќе заседава и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на 6. Комисијата за образование, наука и спорт се Барање за организирање јавна расправа по Нацрт концепцијата за основното образование, Предлог – закон за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, во прво читање и
Предлог закон за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, во прво читање, поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство.

Предлог на закон за образование на возрасните, во прво читање, е на дневен ред на 8. седница на Комисијата за образование, наука и спорт.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.