Македонија
27. November 2018 - 16:09

Продолжи судењето за 27. април - обвинетите се откажуваа од изведување докази и сведоци

Петтемина пратеници обвинети за собраниските настани од 27 април нема со свој исказ да се бранат пред судот.. Мукоски, Василевски, Арнаудов, Тарчуловски и Димовски се откажаа од говор на денешното рочиште за изнесување докази на одбраната.

Ваквата одлука ја објавија нивните адвокати.

Тие, ги повлекоа и дел од претходно понудените сведоци и материјални докази.

Сметаат дека видео снимките од собранието се поклопувале со тие што ги презентираше одбраната.. На денешното рочиште се гледаа видео материјали од пратеникот Димовски..

За собраниските настани од 27 април им се суди на 33-ца.

Освен петтемина пратеници, на обвинителна клупа се организаторите на протестите за Заедничка Македонија, екс директорот на Бирото за јавна безбедност, вработени во МВР.

Обвинети се за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста..

Судењето продолжува со секојдневни рочишта до крајот на неделава..