Македонија
28. July 2020 - 19:41

Продолжи судењето на екс-претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

Делење на судски предмети на рака во кои биле опфатени звучи имиња било пракса уште пред  обвинетиот Владимир Панчевски да дојде на функцијата претседател на Кривичниот суд - ваков, речиси идентичен исказ дадоа двајца сведоци, вработени во писарницата во судот,  на денешното судење за злоупотребата на АКМИС системот.

На овој начин, според сведоците, без решение, Панчевски распределил  и два предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство во 2016 година. Еден на судијката Лидија Петровска, друг на Татјана Михајлова. За предметите кои Панчевски ги делел на рака, на служвбениците им објаснил дека е согласно годишниот план, но и дека се грижел за еднаква распредлба кај сите судии.

Другите двајца сведоци, вработени информатичари во судот, рекоа дека во периодот од 2013 до 2016 година, не забележале злоупотреба на АКМИС системот.

Инаку денештото рочиште доцнеше два часа, бидејќи Скопска Апелација одлучуваше по барањето на Панчевски за изземање на велешкиот суд, кое не беше прифатено.

Освен тоа обвинетиот побара и судот да му ја укине  мерката притвор, со образложение дека според Агенцијата за вработување се уште е вработен на функцијата судија во Кривичен и дека поради тоа има имунитет. Но судот не се произнесе по ова негово барање, бидејќи се водело жалбена постапка во Апелација.

Следното рочиште е закажано за следниот вторник.