Продолжи судењето на Бобан Илиќ, обвинет за убиство на четиригодишниот Алмир
Братот на обвинетиот Бојан Илиќ, одговарајќи на прашање на адвокатот Асмир Алиспаиќ рече дека возилото „мерцедес“ е поправено и дека било огласено на продажба на две различни страници за продажба, но подоцна е повлечено. Тој се согласи да сведочи, иако има законско право да одбие бидејќи е во сродство со обвинетиот.
По завршување на неговиот исказ реагираше адвокатот Алиспаиќ кој рече дека Бојан приложил и потврда дека возилото му е вратено од обвинителството, иако претходно му било одземено од СВР Куманово.
Сведочеше и Димковска која рече дека ги препознава напаѓачите само по бојата на облеката која ја носеле во критичниот момент, но не и на снимките кои се гледаа. Таа одговараше на прашања и за правецот на движењето на автомобилот.
Адвокатот на семејството Алиу, реагираше како неодамна се нашла видео снимката на социјалните мрежи. Обвинителката рече дека уште по првото појавување, побарала од надлежните органи да испитаат од каде како се нашла снимката на социјалните мрежи.
По завршување на судењето, адвокатот Алиспаиќ ја обвини обвинителката дека со директните прашања кои го наведувала сведокот Илиќ, иако судот не дозволил во текот на испрашувањето.
Полномошникот на оштетените, Ибрахим Бајрами рече дека иако претстои завршен збор, надлежните не се потрудиле да ја утврдат фактичката состојба преку дозволување на изведувања на доказите предложени од сите страни.
Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни 2016-та го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна банална, вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом. Осомничениот, се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“. За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.
Наредното рочиште е закажано за 15 март.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација