Македонија
11. April 2018 - 19:14

Продолжи собраниска расправа по иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелација на Владата

 Претседателот на Владата Зоран Заев на денешната седница за доверба на Владата го поздрави враќањето на опозицијата во работата на Парламентот и, како што кажа, тоа е во интерес на граѓаните на Република Македонија, но и интерес и на власта заради тоа што со опозицијата може да биде само подобра власт.

Заев, одговарајќи на обвинувањата на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски, кажа дека ова е конструктивна дебата и треба да биде коректив на власта, бенефит што граѓаните го добиваат кога опозицијата е активна во Парламентот.