Македонија
17. May 2019 - 16:14

Продолжи седницата на Апелација за „Диво Насеље“ денеска мирно во судница

Случајот „Диво насеље“ не може да се третира како тероризам, смета одбраната. Според адвокатите на 33-та обвинети, немало напад на жителите од населбата, ниту цел биле институции на државата.

Во жалбите кои ги разгледуваат апелациските судии, одбраната наведува дека постојат низа повреди на постапката водена пред првостепениот суд. Велат оти не им било дозволено изведување на понудените докази.

Со жалбената постапка пред апелацискиот суд, 11-мината адвокати кои ги застапуваат обвинетите, се надеваат на укинување на пресудата иако сметаат дека можноста за тоа се мери во промили.

По вчерашните тензии во судницата, денеска атмосферата е мирна. Освен одбраната, судењето го следат уште тројца обвинети кои вчера одбија да ја напуштат салата. На почетокот на јавната седница, обвинетите со пцости и навреди ги нападнаа апелациските судии. Рекоа дека не го признаваат судот и дека ова е Албанија па ја напуштија судницата.

Одлуките по жалбите, апелацискиот суд ќе ги објави наредниве денови.