Продолжи расправата за законот за ЈО, Собранието ќе работи до распуштање
Во речиси празна сала, Собранието, по паузата, во 19:00 часот ја продолжи расправата за законот за јавно обвинителство.
Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, која прва зема збор, истакна дека овој пратенички состав ќе биде запамтен по носењето уште еден монструм, поголем од СЈО.
-Тој монструм ќе работи според потребите и желбите на мафијата во државата. Со ова, ќе ги ставите граѓаните во многу сериозна, незавидна пложба, да бидат мета на мафијаши, рече Затурсока и предложи повлекување на законското решение со цел негова доработка.
Во расправата пред пауазата, пратениците ги повторија своите ставови: владејачкото мнозинство дека донесувањето на законот за ЈО ќе значи почеток на борбата против корупцијата и криминалот, а ВМРО-ДПМНЕ дека законот се турка со сила и противуставно, само за да се спасат Заев и други владини функционери од одговорност. Единствено нов беше предлогот на Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ која апелира, секој што е засегнат во некои од судските случаи, истражни или предистражни постапки, да не влегува во расправа за законот.
Претседателот на Собранието Талат Џафери пред паузата во 18.00 часот, рече дека Собранието од 19:00 ќе продолжи со работа без прекин, додека не биде распуштено.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација