Македонија
15. October 2017 - 19:23

Продолжено гласањето во едно избирачко место во Крива Паланка

Во избирачкото место 0951 во Крива Паланка поради технички проблеми гласањето ќе биде продолжено за еден час, информираат од ОИК.

- Во избирачкото место 0951 каде гласаат жителите на населба Баглак е констатиран технички проблем, две ливчиња за градоначалник се повеќе, па поради тоа имаше прекин во гласањето од еден час, за колку што и ќе биде продолжено времето за гласање. Извршивме увид како општинска изборна комисија, гласањето се одвива непречено, а известена е и ДИК, информира Душко Арсовски,претседател на ОИК Крива Паланка.

На ова избирачко место гласањето ќе трае до 20 часот, а во избирачкиот список се регистрирани 901 гласач за им 0951.