Продолжени санкциите на САД за екстремистите од Западен Балкан
Американскиот претседател Барак Обама ги продолжи за уште една година санкциите против лицата кои ја загрозуваат стабилноста на Западниот Балкан, јави ТАСС.
Белата куќа соопшти дека одлуката се однесува на лица кои учествуваат или финансиски или на друг начин го поддржуваат екстремизмот во Македонија, Босна и Херцеговина и Косово и создаваат пречки за спроведување на Дејтонскиот мировен договор во Босна и Херцеговина и на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за Косово.
Во соопштението, потпишано од Обама, се вели, дека овие луѓе со своите активности го нарушуваат мирот и меѓународните напори за стабилизирање на состојбата на Западен Балкан и продолжуваат да претставуваат многу голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.
Американскит санкции против физички лица вклучени во екстремистички активности во земјите од Западен Балкан беа воведени со претседателски декрет во 2001 година и дополнети во 2003 година.
Со нив им се забранува на американските граѓани да склучуваат бизнис зделки со тие лица или да им префрлаат пари.
Претходникот на Обама, Џорџ Буш, исто така секоја година го продолжуваше рокот на важност на указот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица