Македонија
19. August 2016 - 20:09

Продолжена мерката куќен притвор на В.Т. од случајот „Транспортер“

Апелацискиот суд Скопје денеска го потврди решението на кривичниот совет на Одделението за организиран криминал за осомничениот В.Т. кој е дел од предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“, а ја одби жалбата на осомничениот  против мерката куќен притвор.

Како што информираат од Основниот суд Скопје 1, имено, кривичниот совет на Основен суд Скопје 1  -  Скопје денеска исто така донесе и решение со кое мерката куќен притвор против осомничениот В.Т. се продолжува за 30 дена.