Продолжен рокот за тендерот за отстранување на линданот од ОХИС
Меѓународниот тендер објавен на 15 минатиот месец за избор на технологија за отстранување на HCH отпад (линдан и неговите изомери) од кругот на фабриката ОХИС во Скопје, кој требаше да биде затворен на 11 овој месец, е продолжен до 16 декември годинава.
– На барање на потенцијалните понудувачи, Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО) го продолжи рокот за доставување на понуди до 16 декември со оглед на тоа да во рамките на првобитно назначениот период од 25 дена потенцијалните понудувачи не беа во можност да одговорат на барањата од проектната задача, како во поглед на презентирање на техничките специфики на предложената технологија за ремедијација, така и во поглед на изработка и доставување на соодветните планови поврзани со безбедното работење, митигација и справување со ризиците во текот на ремедијацијата, како и мониторингот на медиумите на животната средина, информира Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи (ПОПс) при Министерството за животна средина и просотрно планирање.
Од Канцеларијата информираат дека по пристигнувањето на понудите, ќе биде формирана комисија од страна на УНИДО, составена од меѓународни и национални експерти, која ќе ја избере најдобрата понуда, а по што ќе следат активности за започнување со работа на терен со обезбедување потребна документација и на просторот и превентивни мерки за заштита на околината и со конечно започнување со чистењето.
Како што соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД) отстранувањето на HCH отпадот од кругот на фабриката ОХИС е процес којшто е воден од страна на УНИДО, агенција одговорна за спроведување на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС“, во соработка со Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи при Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF) со национална контрибуција од страна на Владата на Република Северна Македонија.
Со чистењето на локациите контаминирани со HCH и со другите придружни загадувачи, ќе се намали и/или елиминира емисијата на овие загадувачи во околината. Исто така, ремедијацијата на контаминираните локации во ОХИС ќе овозможи услови за ревитализација на земјиштето, се додава во соопштението на МЕД.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност