Македонија
12. December 2015 - 19:10

Продолжен рокот за легализација на дивоградбите

Ново продолжување на рокот  за легализација на дивоградбите по едно евро за метар квадратен. Според премиерот Груевски со измените на Законот кои пред неколку дена го минаа собранискиот филтер, сите граѓани кои пропуштиле да поднесат барање, сега имаа нова шанса да го направат тоа до 31 март 2016-та, а геодетскиот елаборат да го достават до крајот на 2017 година.

Оние, пак, кои пропуштиле да достават елаборати, значи доставиле барање, но не доставиле елаборати, може да го направат тоа до 31 декември 2016 година, а оние кои пропуштиле тогаш барање да достават, а сега ќе го достават до 31 март, елаборатите ќе можат да ги достават до 31 декември 2017 година.Така што, тоа е едно сериозно продолжување на роковите, уште една шанса за граѓаните кои во тој период не поднеле барање за легализација на дивоградбите или пак не поднеле елаборат, да го направат тоа. Но, ова не значи дека за новите што почнале да градат дивоградби после Законот за легализација, се дозволува повторно легализирање. Ова продолжување е за оние кои тогаш кога се носеше Законот за легализација на дивоградби од различни причини не стигнале да поднесат барање или не стигнале да го поднесат елаборатот и тоа се новите рокови и тоа е излегување во пресрет на таа група на граѓани, додаде премиерот Груевски.

Со новите измени на законот се предвидува и приватизација на објекти на приватно земјиште. Ова се овозможува само доколу претходно земјиштето било во државна сопственост, а по различни основи станало приватно. Досега легализирани и запишани во катастар се околу 135 илјади објекти.