Продолжен притворот на шестмина украински морнари
Московскиот суд го прифати барањето за продолжување на притворот на шестмина од 24 украински морнари уапсени за време на инцидентот во Керченскиот Проток, објави руската агенција ТАСС.
Судот соопшти дека наскоро ќе се разгледаат сличните барања и за останатите украински морнари.
Инцидентот се случи на 25 ноември кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе да минат низ Керченскиот Проток. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржале украинските бродови заедно со членовите на нивните екипажи.
Украина ја обвини Русија за „воена агресија“, тврдејќи дека руската постапка е во спротивност со меѓународното право и со конвенциите на ОН за поморско право.
Москва, меѓутоа, смета дека нејзините сили дејствувале во согласност со меѓународното право и домашното законодавство.
Ново на Сител
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица