Свет
12. December 2017 - 14:17

Продолжен мандатот на Столтенберг до 2020 година

НАТО денеска го продолжи мандатот на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, до 30 септември 2020 година.

Мандатот на Столтенберг е продолжен за две години. Во соопштението на Северноатлантската алијанса се посочува дека НАТО има целосна доверба во можностите на Столтенберг да продолжи да работи на напредокот на Алијансата за справување со современите предизвици.

Јенс Столтенберг

Норвежанецот Столтенберг ја презеде функцијата на 1 октомври 2014 година, а неговиот мандат официјално истече пред два месеца. Пред тоа тој двапати беше премиер на Норвешка, во периодот од 2000 до 2001 година и од 2005 до 2013 година.