Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во март годинава се повисоки на месечно ниво за 0,5 проценти, а се пониски на годишно ниво за 1,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во март 2024, во споредба со февруари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,1 процент, а се повисоки во секторите Преработувачка индустрија за 0,3 проценти и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,6 проценти, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.
ДЗС наведува дека во март годинава во споредба со март минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторите Рударство и вадење на камен за 8,4 проценти и Преработувачка индустрија за 1,3 проценти, а повисоки се во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1 процент и во Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1,6 проценти.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка