Бизнис
15. August 2016 - 14:00

Продажните цени на индустриските производители повисоки на месечно, пониски на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи во  јуни годинава се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а пониски за 3,7 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јуни 2016, во споредба со мај 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,7 отсто, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 отсто , а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,1 отсто.

Во јуни 2016, во споредба со јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 3,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 4,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1,1 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,2 отсто на месечно ниво, а се пониски за 8,4 отсто на годишно ниво.

Во јуни 2016, во споредба со мај 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 2,7 отсто во секторот Рударство и вадење камен, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,1 отсто.

Во јуни 2016, во споредба со јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 9,6 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 8,2 отсто.