Бизнис
5. December 2017 - 20:34

Продажбата на половни возила намалена за над 20%

Годинава увозот на половни возила паднал за повеќе од 20 отсто. Македонците се помалку купуваат автомобили. Сопствениците на автоплацеви велат ако порано продавале 2 до 3 возила дневно сега  не можат да продадат едно во месецот. Плацевите се полни  и затоа никој не увезува нови. Дел од оние не ја знаат точната причина за ваквата лоша состојба , но дел сметаат дека проблемите се јавиле со политичката криза. Од тогаш имаат стагнација во бизнисот како што досега никогаш немале. 

-Јас немам продадено возило повеќе од еден месец порано сум продавал две до три возила месечно. Човек нема да ми се јави ваков застој немам видено до сега, рече -Љупчо Бандовски- сопственик на автоплац

Состојбата дополнително ќе се влоши ако Германија одлучи да ги забрани возилата со ЕУРО 4 стандард.

-Ако  се случи тоа таму дирекно ќе ги урне нашите цени тука, додаде Бандовски- сопственик на автоплац

Уште еден проблем кој го посочуваат се високите царини. Велат за возило старо една и три години царината е иста.

Од министерството за економија пак сметаат дека намалувањето на продажбата се должи на нискиот стандард на граѓаните.

-Претпоставуваме дека тоа е резултат на стандардот на живеење но и некој други фактори како што се на пример и новите банкарски производи, се вели во дописот од министерството за економија.

На пазарот најбарани се возилата од германско и италијаско потекло по цена од 2.000 до 3.000 евра.

Од јануари до октомври увезени се вкупно 18 256 стари возила 21 отсто помалку од истиот   период лани или 4000 автомобили помалку.  Минатата година се донесе и одлука во земјава да не можат да се увезуваат автомобили кои се со ЕУРО 3 стандард.