Бизнис
20. July 2018 - 11:43

Продажбата на автомобили во Европа со раст од 5,1 отсто на годишно ниво

Продажбата на автомобили во Европа минатиот месец забележа раст од 5,1 отсто на годишно ниво, при што најголем пораст е регистиран во Германија, Франција и Шпанија, соопшти Асоцијацијата на европските производители на возила.

Според податоците на Асоцијацијата, во земјите на ЕУ и на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), минатиот месец биле регистрирани 1,62 милиони нови возила, што е значително повеќе во споредба со 1,54 милиони регистрирани во истиот месец лани.