-->
-->
Продаваат домашни помошнички преку апликации: „Многу е добра, дури и кога ја држиш будна до пет наутро“
-->
Иако социјалните мрежи ги отстранија и забранија некои хаштази во врска со продажба на робови, репортерите на Би-Би-Си открија дека тој пазар и натаму е активен, особено преку апликациите „4Sale“ i „Haraj“.
Низ улиците на Кувајт ретко се гледаат жени, бидејќи, како што известуваат странските медиуми, се затворени од своите спонзори кои им го ускратуваат правото на слобода и ги продаваат за илјада долари на црниот пазар. Станува збор за продажба која се одвива преку социјалните мрежи, како Фејсбук и Инстаграм, а користат посебни логоритми и хаштази со кои ги промовираат и претставуваат како „жени за продажба“.
– Тие промовираат трговија со робови преку Интернет. Ако Гугл, Епл, Фејсбук или која било друга компанија промовира апликации поврзани со ова, тогаш треба да преземат одговорност за тоа, изјави за Би-Би-Си Урмила Була, експерт на ООН за скратување на правата.
Иако некои хаштази поврзани со продажба на робови се отстранети и забранети од социјалните мрежи, известувачите на Би-Би-Си открија дека тој пазар сè уште е активен на Интернет, особено преку апликации како „4Sale“ и „Харај“.
Во Кувајт речиси секоја куќа има по една „слугинка“, кои нелегално ги продаваат како „стока“, ги разменуваат, им ја ограничуваат слободата и ги држат против нивната волја. Кога репортерите на Би-Би-Си во тајна мисија во Кувајт сакаа да „купат“ една од жените кои се на продажба, односно да бидат нејзин „спонзор“, продавачот, така да го наречеме, ги советуваше да не и дадат пасош во никој случај.
– Верувај ми, многу е добра и секогаш насмеана, дури и кога ја држиш будна до пет сабајле, рече еден од претходните таканаречени спонзори.
На апликацијата „4Sale“ може да пребарате и за жени според расата.
– Африканска работничка, чиста и насмеана, наведено е во еден оглас, додека во друг пишува: „Непалка која се осмелува да побара слободен ден“.
Некои купуваат помошнички за 2.000 долари, па ги продаваат за 3.300. Локалните жители не се единствени кои „купуваат“ работнички. Агенциите не се исклучок и тие ги продаваат понатаму за да заработат.
Ваков пример на модерно ропство не се случува само во Кувајт. Во Саудиска Арабија исто така постојат различни апликации за купување и продажба на луѓе. И покрај новите и построги закони, на властите им е тешко да ја искоренат оваа трагична и нехумана практика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација