Свет
2. February 2017 - 15:57

Процедура за прифаќање британски закон за активирање на Членот 50 од Лисабонскиот договор

Британската Влада треба да донесе закон пред да може официјално да почне процедурата за активирање на Членот 50 од Лисабонскиот договор за напуштањето на Европската унија. Законски процес за тоа прашање:

- Премиерката Тереза Меј изјави дека сака да го активира Членот 50 до крајот на март. Врховниот суд објави дека за тоа е неопходно одобрување од Парламентот. Во одговор – Владата нагласи дека ќе побара одобрување преку прифаќање закон. Тоа значи изготвување нацрт-закон што ќе добие одобрување од двата дома на Парламентот за да влезе во сила тој закон. 

ГЛАВНИ ТОЧКИ
- Нацрт-законот е објавен на 26 јануари
- Ќе биде предмет на гласање во двата дома на Парламентот
- Се очекува да биде одобрен од двата дома и така до крајот на март да се активира Членот 50
- Парламентарците ќе се обидат да внесат промени во проектот
- Првата дебата во Долниот дом почна на 31 јануари и заврши на 1 февруари
- Следните тридневни дебати ќе почнат на 6 февруари
- Парламентот е на одмор од 9 до 20 февруари, и тоа ќе го успори процесот
- На 20 февруари се очекува Горниот дом да почне дебати за нацрт-законот кои може да траат до 7 март
- Конзервативната Влада има т.н. работно мнозинство (разлика од 16 гласови) во 650-члениот Долен дом на Парламентот, за гласањата е потребно просто мнозинство
- Владата нема мнозинство во Горниот дом, но британски медиуми јавуваат дека постои желба за одобрување на нацрт-законот навреме за да биде активиран Членот 50 до 31 март

ПОЗИЦИИ НА ПАРТИИТЕ

Конзервативци: Имаат 329 места и се очекува да гласаат „за“ предлогот на Меј, иако мал број може да се воздржат или да гласаат „против“. 
Лабуристи: Имаат 229 места. Лидерот Џереми Корбин побара сопартијците да гласаат „за“
Шкотска национална партија: Имаат 54 места. Најавија поднесување барања за промени во нацрт-законот. Ќе гласаат против
Либералдемократи: Имаат 9 места. Ќе се обидат да внесат промени во законот за да биде можно спроведување втор референдум. Ако тоа не „помине“ пратениците ќе гласаат „против“. 

Етапи во гласањето

Прво читање: 26 јануари – формалност
Второ читање: 31 јануари – 1 февруари. Дебата. Пратениците во Долниот дом гласаат за понатамошно „придвижуавње на проектот“. 
Програмски намери. 1 февруари – Владата излага со програмски намера, определува временска рамка за планот за дебати на секоја следна етапа. Ако пратениците не се согласни може да ги отфрлат тие програмски намери. 
Етапа на комисии: 6-8 февруари. Тоа е прва можност за внесуавње измени во текстот. Тие може да предлагаат промени или доплнување со нови членови. 
Етапа на измени: Ако некоја измена е одобрена на ниво на комисија, законот ќе премине во етапа на измени. Тоа е нова можност за поднесување измени. Процесот го надгледува претседателот на парламентот. 
Трето читање: Обично трае еден час и претставува дискусија за нацрт-законот. Не може да се извршуваат измени. Потоа, нацрт-законот се испраќа во Горниот дом на Парламентот. 
Дом на лордовите: Тие може да внесуваат измени, но секоја се разгледува и за секоја се донесува одлука. Не се очекува лордовите да бидат против волјата на народот со спротиставување за нацрт-законот или да го успорат процесот. Во случај на измени, нацрт-законот се враќа во Долниот дом на Парламентот. 
Одобрување од кралицата: Кога двата дома на Парламентот ќе постигнат сосгласност, нацрт-законот и се доставува на кралицата за одобрување со што станува Акт (закон) на парламентот.