Македонија
12. May 2019 - 16:21

Проблемот со паркингот и сообраќајниот хаос и ова лето ќе бидат присутни во Охрид

Дали првиот наплив на туристи ќе го блокира главниот туристички центар и ќе предзивика сообраќаен хаос

Пред почетокот на туристичката сезона Охрид со нов сообраќаен режим. Градот во лето се претвора во тесно грло, недостасуваат паркинг места а најпроблематично е во стариот дел. Поголемиот дел варошани согласни да има рампи но и реален број на картички во шпицот на сезоната ,поголем инспекциски надзор и сообраќајни полицајци и што е најважно туристите да можат со возило да дојдат до апартманот каде се сместени а не пешки со куферите да  одат по калдрмата.

Градоначалникот Георгиески најави дека рампите остануваат ќе бидат поврзани во систем со видео надзор, 24 часовно обезбедување а ќе има и физичко присуство на вработен во ЈП Билјанини Извори.

И покрај најавите изминативе години за изградба на катни гаражи со што би се растеретиле гужвите од сето тоа сеуште ништо и ова лето главниот туристички центар поголемиот дел од улиците па дури и главните сообраќајници ќе ги користи за паркирање.