Проблеми во сообраќајот од невремето во Скопје
Невремето со силен дожд и ветер што попладне го зафати Скопје предизвика проблеми во сообраќајот. Покрај поплави од краткотрајниот интензивен дожд на улиците се паднати гранки од дрвја. Најкритични се кружниот тек кај хотел „Континентал“, како и подземните премини кај Бутел и булевар „Србија“.
Надлежните јавни претпријатија работат на расчистување на сообраќајници и нормализирање на сообраќајот.
Покрај во Скопје невреме со посилен интензитет имаше и во Струмица и во Штип.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 17 часот попладне најмногу дожд наврна во Берово, 26 литри на метар квадратен, 10 во Пожар шест во Скопје Зајчев Рид, .....
УХМР најави дека од утре до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.
ФОТО: Твитер
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк