Џет-Сет
25. јуни 2018 - 10:36

Проблеми во кралското семејство: Кејт повеќе не сака да и помага на Меган

Кејт Мидлтон решила веќе да не и помага со совети на својата јатрва, Меган Маркл.
 
Како што пишуваат британските таблоиди, Кејт Мидлтон решила веќе да не и помага на Меган Маркл со совети за однесување при кралските церемонии. Доказ за тоа е и последниот инцидент, кога Меган се појави на балконот на Бакингамската палата со голи рамења, што не е според протоколот.
 
Од друга страна, Меган со сите сили се обидува што повеќе да и се приближи на кралицата Елизабета. Според таблоидите, кои се повикуваат на извори блиски до кралското семејство, принцовите Вилијам и Хари се сосем рамнодушни на ваквиот натпреварувачки однос меѓу нивните сопруги.