Интернет
18. May 2016 - 10:07

Проблеми со Фејсбук: Стотици корисници блокирани со часови, се уште нема решение

Стотици корисници на Фејсбук веќе со часови имаат проблеми со објавувањето на статуси, линкови и фотографии на нивните профили, што предизвика големо негодување.

Проблемот е сериозен, па многумина тврдат дека поради ваквиот пропуст Фејсбук може да дојде до бизнис загуба и други последици.

- Постои проблем со објавување на вашиот статус. Ве молиме обидете се повторно за неколку минути, гласи порака која им „се појавува“ на некои корисници при секој обид за објавување статус, поради што Фејсбук страницата за поплаки е преполна со лути коментари.

- Целосно сум блокиран, а администрирам неколку различни страници. Изгубив еден цел работен ден и ништо не сте решиле. Ве молам, решете го тоа. Денес требаше да имаме акција по пат на Фејсбук, но сега не можеме на корисниците да им јавиме зошто нема да се одржи. Веќе шест дена не можам ништо да споделам на мојот ѕид,  а сега веќе не можам ни ништо да објавам, се само некои од незадоволните коментари.

Фејсбук се уште не се огласи за поплаките.