Балкан
3. December 2016 - 11:16

Проблеми и „проблеми” со Словенците

Глас Истре - Пула

Повторно ќе пишувам за теран, не сметајќи вооошто дека за оваа тема е кажано доволно, ниту дека за неа веќе сите знаат, а посебно не сметајќи дека за спасот на веќе три години илегалниот истарски теран доволно прават тие кои тоа треба да го прават според природата на својата работа, позиции и плати.

Поводот за ова пишување за теранот е тежок, актуелен и доаѓа од новите изјаци на двајца политичари.

Прв е хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ, кој за својот скорашен престој во Брисел официјално се состана со комесарот на Европската комисија за земјоделство и рурален развој Фил Хоган.

За тој состанок Министерството издаде соопштение во кое меѓу другото стои: „На состанокот беа истакнати неколку отворени прашања за кои Хрватска очекува брзо решавање, вклучувајќи го користењето на името на виното теран од страна на хрватските производители”. Вториот повод поради кој повторно се бавам со теранот е неодамнешниот состанок на истарскиот жупан Валтер Флега со претставници на Министерството за надворешни и европски прашања, на кој се разговараше, како што пренесоа медиумите, „за отворени прашања, примери од добра пракса и предлози за развој на соработката со Словенија”.

На тој состанок истарскиот жупан „прашањето за заштита на истарскиот теран го дефинираше како проблематично, но потенцира и дека тоа не е единствен проблем во односите со Словенија со која ќе се сретнуваат Истарската жупанија и Хрватска. Се очекуваат потешкотии и со заштитата на други автохтони производи, како истарското маслиново масло, медот и месото на истарското говедо. Поради тоа, предложи покренување на разговор со сите вклучени страни, кои ги опфаќаат сите наведени производи за да го најдат моделот на заштита кој на сите им е прифатлив. Таквото компромисно решение би било модел за прекугранична соработка со кој успешно е заштитена истарската пршута”.

Кој за тоа не знае ништо, би му било сеедно што значат овие две медиумски интерпретации за занимавањето на нашите политичари со теранот и другите автохтони производи. Меѓутоа, кој ја следи оваа тема, или директно ја чувствува на своја кожа, како што е случај со стотици истарски винари кои го произведуваат теранот, со угостителите и трговците кои го нудат, продажбата на теранот, и со сите добри луѓе кои го пијат теранот, претходното кажано сепак е малку контроверзно, а во секој случај нецелосно и нејасно.

Прво да се позанимаваме со настапот на жупанот: „голема новост е посебно за нас новинарите, да се очекуваат било какви проблеми и со заштитата на другите автохтони производи, како истарското маслиново масло, медот и говедското месо”. Тоа едноставно не е точно. Што се однесува до маслиновото масло, приказната оди вака: Словенците уште пред неколку години го заштитија производот кој е наречен „екстрадевичанско маслиново масло од словенска Истра” (дури, малку подоцна заштитија и стотици маслинови дрвја од словенска Истра!). Во Брисел е во тек процедура за заштита на хрватскиот производ кој е наречен „Истарско екстрадевичанско маслиново масло”.

На ова хрватско барање, Словенија секако вложи приговор, што ја запре т.е. ја одложи процедурата, но тоа и се очекуваше, како што се очекува дека Европската комисија ќе побара во случај на истарската пршута, производителите на маслиновото масло од двете страни на границата да се договорат и да направат заедничка заштита. Поинаку не можеше, бидејќи словенечката заштита е постара и тие немаат причина да ја менуваат, но сега постои двострана мотивација и за една година, или дури и порано можеме да имаме на ниво на ЕУ заштитен производ кој ќе се вика „Истарско екстрадевичанско маслиново масло”, а таа заштита ќе ја покрива и хрватската и словенечката Истра.

Значи овој случај, иако во игра официјално е поднесен приговор, не би можеле да го наречеме „проблем”, а уште помалку така можеме да ги наречеме процедурите за заштита на истарскиот мед и месото од истарско говедо, кај кои во старт, од почетокот, постапката се покрена заедно со производителите од словенечката Истра. Ако во нешто такво од почетокот постои согласност и соработка, зошто тоа би било „проблем”?

Треба да се сфати една важна работа: случајот со истарскиот теран е од сосема поинаква природа, од „случајот” со европската заштита на истарската пршута, истарското маслиново масло, истарскиот мед и истарското говедско месо, тоа се процедури кои одат по својот тек и евенталните мали проблеми во врска со нив се решаваат во од, без никаков страв дека нема да се решат.

Тоа не е ист проблем, не е иста процедура, не може да се гледа со исти мерила, ниту да се решава со исти методи. Во овие три години го испитавме случајот со истарскиот теран од сите можни агли и најслабата точка во тој случај секогаш беа политичарите. Секогаш кога всушност не знаеја како точно треба да се реши случајот со истарскиот теран, тие користеа фрази како: „наскоро ќе се реши”, „решението е на повидок”, „очекуваме брзо решение”, „треба итно да се реши”.
Кога некој политичар така зборува за теранот, се чини дека всушност тој нема поим за што зборува и дека сме многу далеку од решение.