Македонија
3. December 2019 - 16:43

Проблем со далековод на ЕВН го остави половина Скопје без струја

Дефект во далековод  денеска и вчера  го остави  половина Скопје без струја. 

Првично проблем во снабдувањето со електрична енергија  се јавил во делови од Центар, Капиштец, Тафталиџе.  Од ЕВН објаснуваат дека  една од причинте за дефектот е преоптовареност на мрежата-  дел од домаќинствата се грејат на струја, но и  поради градежните активности кои се одвиваат во овој момент. Тврдат дека дефектото е веќе саниран .

Од компанијата потврдуваат дека поради преоптоварување на мрежата проблем настанал и со  110 киловолтен далековод Скопје – Запад, поради што и други делови останале  без струја.

Од ЕВН уверуваат дека засега нема опасност од нови прекини  во снабдувањето со електрична енергија.