Пробиштипјани заинтересирани за субвенциите за инвертер клима уреди
Голем е одзив на граѓаните на Пробиштип по повикот за субвенционирање на инвертер клима уреди. Марија Митева вработена во кабинетот на градоначалникот на Општина Пробиштип вели дека на јавниот повик за субвенцинирање во општината барања доставиле 110 граѓани.
Оваа година од општинскиот буџет имаат издвоено средства за вкупно 100 домаќинства кои печките на дрва ќе ги заменат во инвертер клими, а Комисијата веќе оди на терен за да утврди кои од граѓаните ги исполнуваат условите за да земат субвенции од 10.000 денари. Изборот се прави врз основа кој прв се пријавил, тој ќе добие субвенција.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека целта е да се стимулираат граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени.
-Со субвенцинирањето ќе им се обезбеди поврат на дел од потрошените средства, односно во висина од 10.000 денари за клима уреди – инвертер купени во тековната година па до денот на завршување на јавниот повик, односно се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, вели Атанасов.
Општина Пробиштип е втората општина во источниот регион, која воведува субвенцинирање на инвертер клима уреди за граѓаните.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана