Пробиштип пријави долг од 72,5 милиони денари
Општина Пробиштип до Владата пријави долг од 72.500.000 денари. Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов вели дека ова е состојбата на долгот од септември 2018 година. Инаку минататата година, кога ја презел градоначалничката функција наследил долг од 180 милиони денари, а како локалната власт успеале да вратат 21 милион денари.
-Очекувам дека со ребалансот на буџетот на Владата и со одлуката, која ја има донесено долгот на Пробиштип да се намали речиси за половина. Од 72,5 милиони денари очекуваме да се вратат од 35 до 45 милиони денари, вели Анастасов.
Прашан дали овие средства кои ќе пристигнат на сметката на општината ќе се користат и за други намени, тој категорично истакна дека овие пари се за враќање на наследите долгови.
-Средствата за долговите ќе пристигнат на посебна сметка и овие пари ќе се користат исклучиво за наплата на долговите, вели Анастасов.
Забележува дека ова е финансиска помош на општините, кои со години имале натрупани долгови, но и камати. Со намалувањето на долговите општините ќе можат да бидат поефикасни и да ги реализираат проектите, кои ги бараат граѓаните.
Ново на Сител
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција