Македонија
16. December 2018 - 17:10

Пробиштип најзадолжена општина во источна Македонија

Општините ги објавија долговите кон доверителите на своите веб страници. Најзадолжена општина на Истокот е Пробиштип, со долг од 72, 5 милиони денари кон фирми и институции заклучно со месец септември годинава. Од Владата на неколку наврати најавија дека постојат механизми со кои општините нема во иднина да трупат долгови. Од централниот буџет за оваа намена на сметките на општините ќе се слеат 50 милиони евра.

- Ако се водиме по тоа дека секоја општина ќе добие по 50 % за враќање на долговите, тогаш 36, па некаде до 40 милиони денари е сумата што како помош ја очекува општина Пробиштип од Владата на Р. Македонија..  

За исплата на долговите предност ќе имаат фирмите и институциите, кои ќе се откажат од каматите и ќе дадат 15 % попуст на основниот долг кон општините. Преку дебати и со одлуки на Советите ќе се одлучува на кои фирми и институции ќе им се исплатат долговите и јавно треба да бидат објавени на веб страниците, по што ќе им ги трансферираат средствата.