Македонија
3. July 2018 - 18:44

Пробиштип го намали долгот за 17 милиони денари

Општина Пробиштип за половина година успеа да го намали долгот. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека долгот е намален за 17 милиони денари, а затекнал долг од околу 170 милиони денари или речиси три милиони евра.

-Сериозна е работата со Општина Пробиштип, дури и да не кажам и како се уште опстојуваме и не дозволуваме да има блокада на Општина Прбиштип, со еден таков огромен долг, колку што е и проектираниот буџет на општината. Најмногу енергија и време потрошивме да успееме да изменаџираме со добавувачите, правните субјекти да најдеме начин како да имаат трпение да не се блокира Општина Пробиштип, вели Анастасов.

Тој забележува дека очекуваат и прилив на средства од продажба на неколку градежни парцели, но ова е мал прилив на средства кои можат да го намалат долгот. Пробиштипскиот градоначалник забележува дека мора како општина и да работат на реализација на проектите кои ги ветиле на граѓаните. Решението за анулирање на долгот се гледа во кредитот кој ќе го земе Владата за да ги раздолжи општините.