Македонија
19. May 2019 - 11:59

Пробиштип доби три проекти од Агенцијата за рурален развој

Општина Пробиштип годинава доби средства од Агенцијата за рурален развој за реализација на три проекти. Вкупната инвестиција во проектите, кои ќе се финансираат од Агенцијата, но и со учество на Општината е околу еден милион евра.

–Tрите проекти се целосна реконструкција и модернизација на Кино салата во Пробиштип, која е предвидено да се претвори во современ мултимедијален центар, целосна санација и реконструкција на спомен – паркот „ Братство–Единство“ со различни рекреативни содржини и санација на патниот правец Пробиштип – село Стрмош, рече Драган Анастасов, градоначалник на Општина  Пробиштип.

Оваа општина дополнително од Бирото за рамномерен регионален развој доби  околу 12 милиони денари за изградба на Минеролошки музеј, единствен од ваков вид во државата. На простор од 160 м/2 ќе се постави минеролошка збирка на сите експонати, со што рударски Пробиштип ќе добие музеј.