Бизарно но вистинито
24. March 2016 - 13:27

Проба месо од својата нога за да дознае каков вкус има човечкото месо

Јадењето на човечко месо е едно од најголемите табуа на човештвото, но некои луѓе сепак и понатаму ги интересира вкусот на истото.
 
Грег Фут, британски лаборант, одлучил да дознае каков е вкусот на човечкото месо.
 
Поради тоа што на луѓето не им е дозволено да јадат човечко месо, па макар и тоа да е нивно, тој се одлучил да извади дел од квадрицепсот и да го анализира неговиот вкус во лабаротарија, а потоа да направи вештачка арома која во потполност ќе одговара на неговото месо.
 
"Вкусот е многу поубав и подобар од свинското месо и пилешкото, потсетува на јунешко или некој гулаш", кажал Грег.
 
Од јагнешко и свинско месо тој направил плескавици со аромата на неговото месо и кажал дека вкусот е "прилично добар".