Македонија
16. August 2016 - 13:51

Привршува снимањето на филмот „Кога денот немаше име”

Филмот „Кога денот немаше име”, е во последната фаза на пост-продукција, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

Најновиот филмски проект на Теона Стругар Митевска „Господ постои - нејзиното име е Петрунија”, по сценарио на Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ, во последните два мeсеца беше претставен на неколку ко-продукциски маркети, каде што доби големо внимание и беше предмет на особен интерес како од филмските професионалци, така и од специјализираните медиуми за филм.

Филмот првенствено беше претставен на Paris Co production Village 2016 во мај. Од 275 пријавени проекти, беа избрани само 12 меѓу кои и „Господ постои - нејзиното име е Петрунија”. Организаторите на овој престижен ко-продукциски собир, според интересот за поединечни состаноци од бројните продуценти, дистрибутери и продажни агенти, го проценија како еден од најатрактивните проекти за оваа година и влијателните професионални магазини Screen International и Cineuropa тоа го пренесоа во нивните статии посветени на овој маркет.