Привршува истрагата за Онкологија, вештачењето во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување пациенти
Истрагата за случајот Онкологија привршува, а вештачењето спроведено во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување на пациентите, информира Обвинителството.
Како што беше речено на брифинг со новинарите, во тек се и вештачењата во Словенија кои треба да бидат готови до крајот на јануари.
- Со оглед дека кај нас нема вештак онколог, издадовме наредби за вештачења до Србија и Словенија. Во Србија испративме 16 истории и тоа вештачење е завршено, доставено ни е, а другото, во Словенија, каде испративме 51 историја, според прелиминарниот извештај треба да заврши до крајот на јануари. Во моментов можам да потврдам дека нашите сомнежи за несоодветно лекување се потврдени со вештачењето од Србија. Се надеваме дека истрагата ќе трае до 31 јануари кога и би ја затвориле, рече надлежната обвинителка.
Според неа, докази за продажба на цитостатици во Косово не се обезбедени.
- Сепак, се сомневаме дека на некои пациенти терапија не им е воопшто давана, иако била препишувана на нивно име, истакна обвинителката.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ