Живот
9. May 2017 - 11:48

Привремена тетоважа од кана и го згорчи животот: Со рани и солзи го заврши одморот

Софи Аскис (22) била на одмор во Мароко со сопругот и семејството, а по инсистирање на продавач на еден штанд, на плажата во Игадини одлучила да направи привремени тетоважи од кана на рацете.

Ја тестирала кожата и чекала 24 часа пред да ја направи привремената тетоважа од кана.

-Ние сме големо азиско семејство и ова не е првпат Софи да се тетовира со кана. Често правеше тетоважи за венчавки и секогаш се беше во ред. Кога Софи беше помлада, лошо реагираше на фарби за коса па сакав да бидам сигурна дека се ќе биде добро и се тестираше пред да ја направи тетоважата. Чекавме 24 часа, пред да ја направи привремената тетоважа. Неколку часа подоцна нејзините раце потекоа и и се создадоа големи пликови и рани, раскажува мајката на Софи, Венди (56).

Foto Profimedia

Докторот кој и укажа прва помош  и рацете и ги намачкал со крем, ја преврзал за да може да патува, зошто летала назад во Турција каде живее до мажот.
 
Кога сопружниците слетале отишле во болнциа каде имала посебна терапија за рацете. Лекарите и рекле дека доживеала алергична реакција и дека нема да и останат лузни ако се придржува кон пропишаната терапија.
Foto Profimedia

Експертите ширум светтот предупредуваат дека привремените тетоважи од кана може да бидат многу опасни и дека некои видови тетоважи може да предизвикаат оѓтетуивање на кожата.

Експертите предупредуваат на мастилото од црна кана, кое не постои. Тврдат дека таквото мастило содржи параденилендиамин (ППД), производ од катран и камен јаглен кој се користи во боите за коса, но може да предизвика лоши реакции врз кожата. Тотоважите може да предизвикаат црвенило, пликови, лезии, губење на пигментација, но и трајни лузни.

Реакции може да се појават веднаш, по неколку дена па дури и по неколку недели подоцна.

Foto Profimedia
 

Вистинската кана од црно мастило, која се продава како кана, ќе ја препознаете по интензивната црна боја, ако мастиото остава трага на кожата, најверојатно станува збор за црна боја за коса. Традиционалната кана мора да остане на кожата неколку часа пред да остави трага.