Привремен застој на граничниот премин Прешево поради дефект на електронската опрема
На српскиот граничен премин Прешево со Северна Македонија, по нестанок на електричната енергија, дојде до дефект на комуникациската опрема, што предизвика застој во сообраќајот, објавија денеска во Царинската управа на Србија.
– Околу 4.45 часот, имаше прекин на струја и прекин на сите комуникации, по што се формира колона од камиони во должина од два километри и на излезот и на влезот на Србија со Северна Македонија.
Во патничкиот сообраќај немаше проблем или задржување.
Сега се во функција сите комуникациски системи, а царинските службеници се обидуваат што е можно поскоро да ја расчистат колоната на камиони кои, поради оваа вонредна околност, се формира на влезот и на излезот на Србија.
Се очекува за неколку часа ситуацијата на преминот Прешево да биде целосно нормализирана за камионски сообраќај. Патничкиот сообраќај се одвива без никакви проблеми.Привремен застој на граничниот премин Прешево поради дефект на електронската опрема
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители