Македонија
20. March 2019 - 8:19

Привремен сообраќаен режим на булеварот „Христијан Тодоровски

Дел од булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на потегот од улицата „Ферид Бајрам“ до улицата „Боца Иванова“, денеска од 7 часот е затворен за сообраќај поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот.

Како што соопшти Град Скопје, за време на градежните работи сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Сообраќајот на оваа делница додека траат градежните активности ќе го регулираат и униформирани полициски службеници или други овластени службени лица.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, се вели во соопштението од Град Скопје.