Македонија
21. October 2016 - 15:27

Привремен режим на булеварот „Борис Трајковски“

Град Скопје информира дека поради изведување градежни активности, утре ќе има привремен режим на булеварот „Борис Трајковвки“.

Како што известуваат од Град Скопје,  ќе се работи од 7 до 11 часот и прекопите за поставување попречни инсталации ќе се изведуваат кај салонот за мебел Кристина Дамил. 

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација и воспоставениот режим на сообраќај.