Свет
15. July 2016 - 20:57

Привредена е поранешната сопруга на лицето кое го изврши нападот во Ница

Поранешната сопруга на 31-годишниот Мохамед Лахоуа Булел, кој го изврши вчерашниот напад во Ница, во кој се убиени 84 и повредени 174 лица, приведена е утрово и задржана е во полициската станица поради испитување. 

Полицијата се обидува да го дознае мотивот за нападот како и можноста дека напаѓачот имал соучесници. 

Булел бил татко на три деца, по професија бил камионџија и живеел во Ница. 

Лицата кои го познаваат велат дека не бил комуникативен.