Македонија
5. August 2021 - 20:52

Приведено уште едно лице за предизвикување пожар

Полицијата од СВР Битола-ОВР Ресен го лиши од слобода К.С. од ресенското село Лева Река осомничен дека го предизвикал пожарот во тоа село во кој беше опожарена нискостеблеста шума.

Министерството за внатрешни работи информира дека во 17.40 часот пожарот е ставен под контрола, а К.С. е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициско одделение Галате го лишија од слобода и Л.А. (32) од Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.

– Полицијата во координација со Јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 3 август  беше пријавен пред село Блаце кон Катланово, соопшти МВР.