Македонија
16. January 2021 - 15:49

Приведено лице за нарушување на редот на паркингот на Клинички

По добиени сознанија за реметење на јавниот ред на паркингот на Клинички центар, од страна на полициски службеници од СВР Скопје преземени се мерки, при што е идентификуван Ф.М.(40) од Скопје, соопштија од МВР.

– Утврдено дека на 12.01.2021 околу 10.15 часот Ф.М. го нарушил јавниот ред и мир во кругот на клиничкиот центар.Со него е извршен разговор во полициска станица и ќе биде поднесен  соодветен поднесок, а се преземаат и дополнителни мерки и активности, информираат од МВР.