Македонија
5. August 2021 - 18:56

Приведено лице за издржување затворска казна

Денеска (05.08.2021) во 17.00 часот на ул.Иван Аговски во Скопје, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ЕВР Карпош, го лишиле од слобода М.Н. (38) од Скопје за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 156 став 3 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри.

Лицето ќе биде спроведено во казнено поправна установа.