Македонија
8. February 2023 - 12:22

Приведено лице во Радовиш за доиздржување затворска казна

Во Радовиш синоќа во 20.35 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го привеле Ф.Ш.(38) од село Зрновци.

Како што денеска информираа од МВР, тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување затворска казна во времетраење од една година и седум месеци за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „фалсификување исправа“.

Лицето било предадено во установата за доиздржување на казната.