Македонија
7. October 2020 - 13:43

Приведено лице од Скопје , во неговиот дом биле пронајдени куршуми и пиштол

На 07.10.2020 во периодот од 06.00 до 07.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во домот и други простории на лицето Н.Б.(51) од с.Копаница, скопско. При претресот биле пронајдени и одземени 20 куршуми калибар 9 мм наменети за полуавтоматски и автоматски пиштоли и еден пиштол. Н.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.